Избоден свештеник при напад во црква во Ница!

by Fokus

Маж на возраст од триесет години е уапсен во неделата наутро во Ница по нападот со нож во католичката црква Сен Пјер-д’Арен, пишува „Le Parisien“.

Според локалните медиуми, мажот влегол во црквата околу 10 часот по локално време, му пришол на 57-годишен свештеник и го избодел 20 пати.

Во моментот на нападот во црквата имало околу 10 луѓе. Според „Le Point“, мажот влегол во црквата, извикувајќи: „Мораме да го убиеме Макрон“. Според телевизијата „БФМ“, настраданите не се во животна опасност.

Осомничениот, наводно, 31-годишен Французин, роден во Фрејус и живее во Ница, бил уапсен од полицијата. На местото на злосторството пристигнал градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози. Официјалните лица за спроведување на законот се уште не го сметаат нападот за терористички чин.

Поврзани новости