Избоден до смрт сопственик на кафеана во Кичево

by Fokus

Сопственик на кафеана во Кичево вечерва е избоден до смрт во неговиот локал, пренесува „Независен“.

Се уште нема информации кој е убиецот, а неофицијално, сопственикот бил избоден до смрт со остар предмет, после кратка вербална расправија со напаѓачот.

Засега мотивите не се познати, а полиција и јавен обвинител извршија увид на местото на инцидентот.

„Денеска во 17.20 часот телефонски во полициската станица во Кичево е пријавено дека во угостителскиот објект Гурман е пронајден прободен со нож сопственикот на објектот. Смрт е констатирана од итна медицинска помош. На местото на настанот се излезени полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек. Засега не можеме ништо попрецизно да споделиме со јавноста“, изјави вечерва портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Поврзани новости