Синот на поранешниот претседател на Германија, Рихард фон Вајцзекер, Фриц синоќа е избоден до смрт за време на предавање во болницата во која бил вработен.
Фриц фон Вајцзекер починал на самото место, додека напаѓачот е уапсен. Поголем број лица од публиката и помогнале на полицијата да го приведе напаѓачот.
Во инцидентот потешко повредено е уште еден човек, кој застанал помеѓу напаѓачот и Фриц Вајцзекер.
Фриц фон Вајцзекер од 2005 година беше главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната болница „Шлоспарк“, во која е убиен. Во болницата редовно се одржуваат предавања за луѓе кои не се поврзани со медицината, а сакаат да дознаат повеќе за болестите, дијагнозите и терапиите.
Таткото на жртвата, Рихард фон Вајцзекер од 1981 до 1984 година беше градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година беше претседател на Германија. МИА