1.816.127 гласачи се наоѓаат на избирачкиот список кој од утре ќе биде ставен на јавен увид. Не се внесени 11.346 граѓани.
Најголемиот број од лицата кои не се внесени во списокот, или 7.017, немаат живеалиште, бројка која е наследена од претходните години. Дел се избришани од подрачните одделенија по основ на смрт, нераспределнени има 1.418 лица и на 672 им е регистрирано поништено живеалиште, а како причини зошто овие лица ги нема во списокот се наведуваат и одземената деловна способност, отпуст од државјанство или избришани со акција за бришење.
Ова не е конечната форма на Избирачкиот список. По увидот од страна на граѓаните ќе се разгледуваат и нивните претставки и барања со што тој може да биде надополнет или дел од лицата да бидат избришани.
Увидот во Избирачкиот список за одржување на локалните избори на 15 октомври годинава ќе трае до 9 септември.