Избегнувајте возење велосипед и не ги отворајте прозорците, Скопје е повторно најзагаден град во светот

by fokus

Скопје повторно се искачи на врвот на листата на индексот за квалитет на воздухот како најзагаден град во светот. Со над 200 ПМ 2,5 мг честици на метар кубен, Скопје ги надмина по загаденост градовите во Пакистаm, Индија и Кина. На страната на „Ер вижуал“ метрополата на Македонија ја носи квалификација „многу нездраво“.

Сајтот препорачува поради загаденоста да се избегнува физичка активност на отворено, како возење на велосипед и да се затворат прозорците за да се спречи воздухот од надвор да влегува внатре. Исто така како задолжителни се препорачуваат маски и прочистувачи на воздух.

Најголема загаденост е регистрирана после полноќ, кога нивото на ПМ честиците се искачило над 300 мг на метар кубен. Назагадени населени места утринава во Скопје се Карпош, Центар и Ректорат.

За властите да ги активираат краткорочнте мерки против загадувањето, како бесплатниот јавен превоз и поскапување на паркингот, потребно е мерните станици да регистрираат екстремно висока загаденост во неколку последователни дена. Сепак веб страната која ги споредува градовите низ светот прогнозира дека концентрацијата на канцерогените честици ќе се намали во следните денови.

Поврзани новости