Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави „опасно“ се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.
– Бомбардер Ф/А-18 опасно се приближи до авион Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случил на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс – изјави Игнасјук, а пренесе ТАСС.
Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.
САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламска држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.