Избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство

by Fokus

Украинскиот политичар Олександр Онишченко, кој фигурира на листата на санкции на САД, во Македонија добил државјанство како истакнат спортист кој се натпреварува како македонски репрезентативец во коњички скокови, дознава Призма.

Тој минатиот месец се натпреварувал под македонското знаме, а во Сен Тропе го освоил седмото место. Онишченко имало и руско државјанство и со тоа аплицирало пред македонските институции, а македонската влада без дискусија на седница одржана на 31 мај во 2022 година решила да му даде македонски документи.

Поврзани новости