ИВЗ: Задолжително носење на маска и ракавици во џамија, се откажува централната манифестација за Бајрам

by fokus

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, денеска ги објави мерките по повод престојниот празник Бајрам. Тој напиша како треба да се однесуваат верниците за време на намазот на Фитр Бајрам.

ИВЗ, поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, ги донесе долунаведените мерки, кои треба да се спроведат во секоја џамија:​

– Сабах намаз да се обавува дома,
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути,
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт,
– Откажување од посета на гробишта,
– За време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку,
– Дезинфекција на џамии,​
– Задолжително носење маска;​
– Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици,​
– Секој верник треба да има лично сеџаде,​
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите,
– Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе,
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата,
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени.

Поради сегашната состојба со корона вирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.

 

Поврзани новости