Откако на социјалните мрежи вчера излегоа фотографии дека вкупно 20 деца на возраст од 6 до 11 години со две наставнички биле затекнати во приватна куќа каде што противзаконски се оддржува настава со верски обреди, експресно реагираа од Исламската верска заедница, кои го осудија постоењето на ваква градинка.
Претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи во изјава за телевизија Алсат вели дека не се дозволени верски градинки во Македонија и дека на таквиот потег ќе се спротистави институционално.
„Без наша согласност тоа не може да го направи никој и не смее да помисли за такво нешто. Ние нема да дозволиме некој несвесно да ни ги зарази. Колку е тоа информирање и едукација, толку може да биде и труење. Јас ви гарантирам и им велам на оние, дека со сите тела на ИВЗ едногласно се спротивставуваме – Реџепи.
Инспектори на Секторот за инспекциски надзор над примената на законските и други прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата откриле дека децата учеле молитви, поклоненија и други религиозни заповеди секој работен ден од 11 до 16 часот.