Исламската верска заедница пет години нема доставено завршна сметка до Централниот регистар, а институцијата не презема ништо. Ова денеска го соопшти Државната комисија за спречување корпуција која најави дека ќе бара одговорност од Централниот регистар.
-Последните пет години ИВЗ не доставила основен извештај за годишна сметка и од Централен регистар тие што се надлежни и должни не постапиле за тоа под каква контрола на дејствија се однесува овој случај. Управата за јавни приходи врши надворешна контрола на здруженија на граѓани, организации и верски заедници. Од 2014 до 2018 УЈП правела надворешна контрола, но немаме информација дали е завршена. Министерството за финансии при враќање имот исплатило обврзнции од 9.100.000 евра како компензација за имотот што не може да се врати како земјиште и станбен и деловен простор на ИВЗ. Повикуваме да се направи антикорупциска проверка на регулативата над непрофитните организации, бидејќи има конфузија, а ние ќе покренеме иницијатива заради донесување на нов попрецизен закон Поради непревземени дејствија на Централниот регистар, же следува постапка за директорот и службените лица, а и од Владата ќе се бара да достави записник за извршената финансиска контрола, соопшти денеска Нури Бајрами, член на Комисијата.