ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите

by fokus

Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва.

– Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) во џамиите низ целата земја. Нема да се клања ниту Џума намазот (петочната молитва) во џамиите низ целата држава и затоа исламските верници се должни на место на Џума намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз. Во случај на починати како последица од коронавирусот, погребната церемонија се врши од надлежните органи, додека пак намазот на починатиот и другите церемонии според Исламскиот шеријат, ќе се вршат по погребот. Оваа правило важи и за починатите кои евентуално ќе бидат донесени од странство, изјави претседателот на ИВЗ, Реџепи.

Во образложението на оваа одлука Реисул – Улема на ИВЗ, Сулејман еф. Реџепи, го цитира Куранскиот ајет, во кој Алах џ.ш. вели „и не доведувајте се себеси во уништување, туку чините добро”, (Ел Бекаре:195) и еден Хадис на Пејгамберот а.с. кои што вели: „Ако во едно место се појави епидемија, тие што се наоѓаат во тоа место не смеат да го напуштат, додека пак тие што се вон тоа место не смеат да патуваат кон него“.

Воедно, Риесулот Реџепит, препорача да  исламските верници да ги избегнуваат сите масоивни собири, да бидат мирни и во склад со своето верување, да ги следат препораките на одговорните луѓе, да не стануваат жртви на непотребна паника.

На оваа прес-конференција присуствуваше и вицепремиерот Бујар Османи, кој рече дека во име на Координативниот штаб за кризи му се заблагодарува на ИВЗ и нејзиниот претседател Сулејман еф. Реџепи за оваа одлука и за мудри пораки кој ги упати до верниците. Тој уште додаде дека со оваа одлука значително ќе се придонесе за подобро управување со пандемијата и брзо враќање во нормалниот живот.

Поврзани новости