ИВЗ: Не нѐ поканија на ифтар кај Груевски, а и да нѐ викнеа немаше да одиме

by Владо Апостолов 17:22
17:22

Не бевме на ифтар-вечерата која вчера ја организираше премиерот Никола Груевски, бидејќи не бевме поканети. Меѓутоа и да нѐ викнеа немаше да одиме, изјави денеска за „Фокус“ генералниот секретар на Исламската верска заедница (ИВЗ) Африм Тахири.

Според Тахири ИВЗ е револтирана бидејќи „има многу отворени прашања“ и како што објасни Тахири не им било дојдено до ифтар со Груевски.

- Advertising -

Според фотографиите објавени на официјалниот фејсбук-профил на Груевски на вчерашната вечера биле присутни министри и градоначалници од редовите на ДУИ, како Фатмир Бесими, Муса Џафери и градоначалникот на Чаир Изет Меџити, но и пратениците Амди Бајрам и Кенан Хасипи.

„Фокус“ денеска не успеа да исконтактира со владиниот портпарол Александар Георгиев за да го прашаме дали е точно тврдењето од ИВЗ, прашањето му го пративме по мејл, но сѐ уште нема одговор.

Премиерот ифтар-вечерата ја организираше по повод муслиманскиот верски празник Рамазан.

Поврзани новости