ИВЗ ја откажа главната манифестација по повод Курбан Бајрам

by fokus

Ријасетот на ИВЗ поради актуелната состојба со ковид-19 се откажа од организирање на главната манифестација по повод Курбан Бајрам, соопштија денеска од ИВЗ.

ИВЗ укажува дека Сабах намаз треба се изврши дома, а намазот на Курбан Бајрам да не трае подолго од 15 минути.

Исто така, се препорачува максимално избегнување на поздравите со физички контакт и откажување од посета на гробишта.

Од ИВЗ додаваат дека при Бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.

Поврзани новости