Иво Санадер оди во затвор, ќе ја отслужи шестгодишната казна

by Fokus

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер вчера беше упатен во Центарот за дијагностика на затворот Реметинец, кој ќе одлучи каде ќе ја отслужува правосилната шестгодишна казна затвор за аферата Планинска поради која, покрај затворот, се очекува да исплати незаконски стекнати 2,3 милиони евра.

-Санадер е испратен во Центарот за дијагностика, каде што во следните месец дена ќе се одреди каде ќе ја отслужи затворската казна, изјави портпаролот на загрепскиот Жупански суд Крешимир Девчиќ.

Со тоа Санадер и формално треба да почне со издржување на казната поради аферата Планинска, бидејќи решението за упатување на издржување на казната стане правосилно.

Освен затвор, Санадер го очекува и извршување, бидејќи 15 дена по правосилноста на пресудата, во државниот буџет не уплатил 2,3 милиони евра мито колку, според пресудата, примил од Стјепан Филиќ откако зградата на неговата компанија го купи министерството на чие чело беше Петар Чобанковиќ.

Поврзани новости