Ивица Коневски отвори адвокатска канцеларија

by fokus

Поранешниот градоначалник на скопската Општина Аеродром, Ивица Коневски влегува во адвокатура. Според објавата на Централниот регистар, тој отворил адвокатска канцеларија на први јануари. Адвокатската канцеларија на Коневски се наоѓа во центарот на градот.

Коневски дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој беше градоначалник на Општина Аеродром од 2009 до 2017 година. Имаше амбиции за трет мандат, но изгуби на локалните избори од неговиот ривал од СДСМ, Златко Марин.

Неодамна адвокати станаа и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, и екс директорот на Државната лотарија на Македонија, Владимир Бахчовановски. И тие двајца отворија адвокатски канцеларии.

Поврзани новости