Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, е избран за посебен советник на претеседателот Ѓорѓе Иванов, пренесува Макфакс. Освен Боцевски, за советничка на претседателот на државата е избрана и поранешната пратеничка, Флора Кадриу.
Од Кабинетот на претседателот ја потврдиле оваа информација и појасниле дека Боцевски и Кадриу се избрани за посебни советници на претседателот Иванов преку јавен оглас, што бил распишан на почетокот на месецот и велат дека двајцата ќе бидат ангажирани во кабинетот на Иванов до истекот на неговиот мандат во 2019 година.
-Боцевски и Кадриу се исклучителни професионалци со повеќегодишно искуство на политичката сцена во Македонија. Сметаме дека нивниот ангажман ќе придонесе за натамошно зајакнување на капацитетите на институцијата Претседател на Република Македонија и ќе даде позитивен импулс во работата на претседателот Иванов, рекле од Кабинетот на претседателот.