448
Дарио Ивановски е првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка, откако денеска успеа да го помине финишот во Версај и да го развиори македонското знаме.
Ивановски не беше во својот ритам поради стомачни проблеми и тоа беше евидентно за време на секое мерење на пет километри, па на крајот оствари време кое е 20 минути послабо од неговиот личен рекорд, кој всушност е и национален рекорд.
Дарио истрча за време од 2:08.26 часа на маратонот во Севилја оваа година, а денеска пристигна на целта како 69-ти со време од 2:28.15.
Првото место го освои Тамират Тола од Етиопија кој ја заврши трката со време 2:06:26, што всушност е и нов олимписки рекорд.