764
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски вчера постигна голем успех на Балканското првенство во полумаратон кое денеска се одржа во Тирана, освојувајќи го златниот медал.
Ивановски до титулата балкански првак дојде со нов македонски рекорд, истрчувајќи ја полумаратонската трка со време 01:04:65 секунди. По дождливо време меѓу учесниците од 22 држави, свој настап на трката во Тирана имаше и вториот македонски полумаратонец Атанас Анчевски.