Државно земјиште во општината Центар се продало за седум евра по метар квадратен, а локацијата според ВМРО ДПМНЕ е спроти зградата на Нова Македонија.
-Таму се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. „15 ката висина кога ќе се помножат по 2 илјади евра за метар квадратен, доаѓаме до вредност од 30 илјади евра за метар“, вели Синиша Ивановски од ВМРО ДПМНЕ.
Посочува дека решението на Министерството за финансии со кое се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на ова градежно земјиште е донесено на 29.12.2021, а на тоа му претходи договор меѓу поранешниот градоначалник на општина Центар – Саша Богдановиќ и инвеститорот склучен на 2.10.2020 за цена од 1 евро по метар.
-Зошто се дозволува ваква бетонизација и дали тука има незаконски дејствија, прашува ВМРО ДПМНЕ.