Она што е најважно е да имаме со да имаме соработка со обвинителството кое понатаму треба да ги спроведе нашите пријави за кривично гонење, но ние оттаму најчесто добиваме одговор дека се отфрлаат пријавите, појаснува за „Фокус““ претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Според неа ова за секоја пријава стои поткрепувачка документација од страна на ДКСК, а исто така за голем дел од пријавите нема одговор, истрагата е во тек или постапките се во тек што не е добро и за јавниот интерес.
-Еве на пример случајот со парцелата спроти „Холидеј ин“ ние дадовме иницијатива за кривично гонење, а во исто време додека обвинителстовото се уште работи и го истражува случајот веќе почна на таа парцела да се гради. И јас навистина се прашувам кој на крај ќе ја плати штетата. Затоа што за оваа кривична иницијатива се консултирани низа експерти, уверена сум дека тој ДУП не е во согласност со ГУП-от и повторно се дозволува да се гради таа виококатница затоа што таму има интереси, а се работи за спорна е парцелата на земјиштето, додава таа.
Соња Танеска