681
Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија, вели дека првиот потенцијален судир на интереси го препознаваат при изборот на владата, чиј член, според најавите, треба да биде Фатмир Бесими како министер за финансии, кој е брат на пратеникот Флорин Бесими.
-Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Прво, тука го гледам судирот на интерес и тој (Флорин Бесими) треба да се изземе од постапката за избор на влада и од гласањето за членови на влада, каде неговиот брат (Фатмир Бесими) е кандидат – изјави Ивановска за Алсат М.