Во никој случај не треба да се вработуваат луѓе преку агенциите за привремени вработувања на систематизирани работни места, вели претседателката на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, Билјана Ивановска, во интервју за телевизијата Алсат М.
-Преку Агенциите за привремени вработувања не се врши никаква селекција на кандидатите, туку само се отстапуваат лица на одредена институција на определено време. Меѓутоа, тоа не е во согласност со законот за агенциите. Таму точно е наведено во кои ситуации агенцијата треба да отстапи некој на работа во соодетната институција, а тоа е кога има зголемен обем на работа, кога се работи на проект, при итни и неодложни работи или пак при некои неочекувани состојби – вели Ивановска.
Говорејќи за закони што овозможуваат непотизам, таа го спомена и Законот за работно односи, бидејќи, како што рече, таму се предвидува можноста за дицкрециони вработувања.