Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска во вечерашното инттервју октри дека барање за укинување на царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори доставила Полската амбасада по средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, а со образложение дека извесна полска компанија од овој сектор сака да инвестира во Македонија.
-Целиот предмет има поголема историја. Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на која се расправало за предлог-одлуката за укинување на царините на батериите за акумулатори. Според стенограмите, тој и земал збор и директно учествувал во расправата со насоки како предлог-одлуката треба да се усогласи со Министерството за финансии. Ова е главниот доказ дека Анѓушев не се изземал од оваа предлог-одлука, напротив, учествувал во неа. На крај, полската компанија не инвестирала во Македонија, туку во Србија, рече Ивановска.