457
„И покрај тоа што министрите се обврзани да го почитуваат етичкиот кодекс, за жал и натаму истиот се крши“, рече Билјана Ивановска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 посочувајќи го примерот со министерот за надворепни работи, Бујар Османи.
„Се случуваат кршења на етичкиот кодекс од страна на министрите. Имаме пример со министерот Османи кој изјави дека за време на пауза закажал прес-конференција пред партиски штаб, за кој известува за државнички работи, и притоа на неа заминал со службено возило. Ова е многу далеку и од одредбите на етичкиот кодекс за однесување на министрите во време на изборниот процес, и во насока на искористување на службените возила, на државните ресурси“, изјави Ивановска.