Во ризиците од корупција кои ги подготвуваме водечко беше влијанието политика, потоа владеење на право односно невладеење на правото во однос на неказнивоста, интегритетот, донесување на закони, постапки. Тие се спомнуваат и во овој извештај на Транспаресни и тоа втора година по ред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот, а тие препораки ги кажува и Греко, вели првата антикорупционерка Билјана Ивановска.
-Истото тоа ни го кажува и Европската Комисија и тоа ние секако го ставаме на страна. Тие се состојбите во државата и оние работи кои сме ги дефинирале во националната стратегија како активности потребни за надминување на овие состојби час поскоро да се извршат – рече Ивановска на Телма.
Таа посочи дека Јавното обвинителство го отфрлило предметот за „Матка“ и иницијативата за ректорот на УКИМ. Според неа, за случајот со платформите на Матка очигледно е дека тамошниот градоначалник Блерим Беџети им овозможил на лицата-сопственици на платформите да остваруваат материјална корист.
-За ЈО тоа не е злоупотреба. Во случајот со ректорот, во тој одговор од ЈО, ги прочитавме истите зборови кои што ги слушнавме во нашата институција. Дали еден човек кој што треба да биде пример или и тој треба да работи по лоши примери од претходно. Се чувствува некакво влијание – рече Ивановска.