Ивановска: Никој ниту од власта, ниту од опозицијата не ми честиташе на изборот, тоа е добар знак

by fokus

Претседателката на Државнта комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во вечерашното гостување на 1ТВ најавува транспарентна работа, исто како што бил транспарентен и јавниот конкурс за изборот на членовите.

-Мотивот беше кога ја слушнав новината во Законот за спречување на корупцијата, токму начинот на избор на Комисијата. Токму тоа беше и една од препораките на ЕК, да се обезбеди функционална независност на ДКСК, што значи да функционира независно од политиката и од политичарите, вели Ивановска.

Вели дека било добро што во процесот била вклучена јавноста, новинари, граѓански здруженија, па процесот бил малку незгоден за кандидатите, но добар за изборот на новиот состав на ДКСК. Додава дека во моментов прва задача на Комисијата ќе биде да обезбеди соодветен простор каде што ќе го смести хардверот и софтверот со кој ќе се поврзе со соодветните институции, а потоа како прв чекор ќе треба да се справат со претседателските избори.

Како што објаснува, избраните членови се стручни за тоа и ги знаат точно ризичните подрачја на кои може да наидат, па очекува дека ќе се справат успешно со првиот предизвик. Ивановска изјави дека не и се јавил да и честита никој од власта и од опозицијата, што го гледа како добар знак.

Поврзани новости