837
Се прави збрка во јавноста помеѓу оставка од морална причина и професионална одговорност и можеби затоа таа оставка ни се чини како задоцнета, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во емисијата „Утрински брифинг“, зборувајќи за понудената оставка од страна на министерот за здравство, Венко Филипче после пожарот во тетовската модуларна болница.
-И се добро човек да направи со ваква дамка му се става лош белег. Лично не верувам дека вмешал прсти во трагедија, но ваквите зборувања оставаат лош белег на целокупната работа. На него му беше ставен врз плеќи речиси се во изминатиот систем, појаснува Ивановска.
Таа сепак додаде дека оставката треба да биде прифатена.