Ивановска: Кога испраќавме претставки до кабинетот и вицепремиерката за однесувањето на Груби, тие само изрекуваа опомени

by Fokus

Не бев изненадена. Сите што се најдоа на црната листа се наши случаи по повеќе предмети. Тоа не ме изненади. Повеќе очекував дека нашите органи нешто ќе преземат, вели поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска за кривичните пријави против екс-вицепремиерот Артан Груби и неговото поставување на американската црна листа со санкции со личности од земјава.

Информира дека претходното раководство на ДКСК, работеле на повеќе случаи поврзани со Груби, меѓу кои и за „Бехтел и Енка“, но, Уставниот суд ја одби нивната иницијатива.

-Кога испраќавме претставки до кабинетот и вицепремиерката (задолжена за политики за добро владеење) за неговото етичко однесување, тие само му поднесуваа опомени. Ние му пречевме, знам дека му пречевме. Нашиот капацитет се покажа каков што беше. Мислам дека оставивме печат на едно време со нашата непристрасна работа и бевме препознатливи. За жал, за повеќе предмети институциите останаа неми, пред се Владата. Колку климата ќе се променеше, ако се делуваше. Имавме постапка и за Лотарија, меѓутоа недостасуваа сите податоци, рече Ивановска во вчерашните централни вести на Тв Сител.

Според Ивановска, американската поддршка е многу битна и тие собрале податоци за лицата на црната листа токму од нашата држава.

-Американската држава знае со кого има работа. Тоа дава утеха дека правдата некогаш ќе стигне, но, мора (домашните) институции да функционираат, кажа поранешната претседателка на Антикорупциската комисија.

Поврзани новости