Македонија нема напредок во борбата со корупцијата, смета претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Во интервју за Радио Слободна Европа. Ивановска забележува на нискиот степен спроведени активности предвидени во акцискиот план на Националната стратегија.
Од преземените 20 проценти во 2021, институциите лани со двојно помали спроведени активности. Успеале да реализираат само 10 отсто од предвиденото. Според неа, слабиот резултат укажува на недостатокот на волја и капацитет во самите институции.
-За жал не можеме да констатираме дека имаме подобра состојба во државата односно дека сме напреднале во борбата. По донесување на Националната стратегија остана институциите да преземат мерки. Во 2021 година преземени се само 20 проценти , во 2022 година во овогодишниот извештај евидентирано е дека се преземени само 10 проценти. Ова укажува дека недостасува волја и капацитет, ама пред се волја, во самите институции да ги преземат активностите. Во вакви услови не можам да кажам дека состојбата е подобрена, напротив. – Билјана Ивановска – Претседател на ДКСК за РСЕ
Во фокусот на антикорупционерите неодамна се најдоа и неколку предмети поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко по кои доставија и иницијативи до обвинителството. Но засега, ниту еден од предметите за кои има истрага не резултирал со судска постапка. Надзорот на обвинителството утврди дека триесетина предмети од 2006та па до денес поврзани со Мерко, поминале низ рацете на обвинителите.
-Нашата кривична пријава е поднесена во 2019 година, сега поднесовме и друга кривична пријава, исто поврзана со тој градоначалник, се работат и други предмети поврзани со таа општина и тој градоначалник. Постојано има предмети за градоначалникот Рамис Мерко. Што очекувам? Очекувам дека треба да се интензивира работењето на истражните органи на Јавното обвинителство и што побрзо да се изрече јавно обвинителска одлука за да може судот да си преземе активности односно да си донесе пресуда. – Билјана Ивановска – Претседател на ДКСК за РСЕ
Длабинските контроли во обвинителствата следеа откако американскиот Стејт департмент го стави на црната листа поради сериозни наводи за корупција. Проверки изврши и Судскиот совет во струшкиот основен суд за евентуално влијание на струшкиот градоначалник врз судиите. Заклучокот на Советот беше дека врз судиите немало пропусти.