Ивановска: Ако Цвета Ристовска има и малку морал треба веднаш да си поднесе оставка од ДКСК

by Fokus

Според поренешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска, членката на ДКСК, Цвета Ристовска, треба веднаш да си поднесе оставка ако има и малку морал. Ристовска го работеше случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, по што беше објавено дека таа соработувала со факултеот од каде што шефот на тајната полиција има диплома.

„Апсолутно да, тоа не смеело да се дозволи. Требало да биде изземена веднаш, затоа што имала деловни односи со факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не. Штом веќе имала деловен однос, тоа претставува ризик за одлучување. Следниот ден беше избришана од наставниот кадар на веб-страната на факултеот, па додадена и ова пиши-бриши ја повредува интелигенцијата на граѓаните.

Имаме две професорки кои судски се осудени со истиот сертификат како оној на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Наместо ДКСК да се повлече од своите тврдења, тие велат сертификатот е валиден. ДКСК се повика на изјава на инспектор, наместо корупцијата сами да ја истражуваат“ изјави Ивановска.

Доколу Дражавната антикорупциска комисија сака да ја врати довербата кај граѓаните, според Ивановска, предметот веднаш треба да биде отстапен кај друг член на Комисијата, а не и понатаму да биде во рацете на Ристовска.

„Ове веќе е работа на Обвинителство. Ако оваа членка има и малку морал треба веднаш да си поднесе оставка. Во овој слуачај Обвинителството треба да ја преземе целата работа“, рече Ивановска.

ДКСК тврдеше дека Ристовска не е дел од наставниот кадар на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент „Скопје“, но дека сепак имала соработка на ниво на гостин-предавач.

Поврзани новости