Ивановска: Ако се реши „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава

by Fokus

Ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Според Ивановска, и сé да не чини во државата, ако оној што пресекува – правосудството си ја заврши работата со ефект, тогаш и перцепцијата за корупцијата ќе биде поинаква. Негативни случаи секогаш имало и ќе има, но поентата е како тие ќе се решат и каква порака ќе пратат на останатите чинители во општеството.

-За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите, изјави претседателката на ДКСК; одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“.

Оценка на Ивановска е дека, сепак, бележиме некаков прогрес. Лани бил историски најголем бројот на претставки од граѓаните до ДКСК што покажува зголемување на јавната свест, а исчекор има и во работата на институциите иако тука има уште многу простор за подобрување

Поврзани новости