Иванов: Заветот од Крушево го исполнивме и во Куманово

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов во својот говор на Мечкин Камен се осврна на случувањата во Куманово, кои од страна на МВР беа прогласени за терористички напад.

– Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја одбранија безбедноста, а граѓаните го одбранија соживотот. Со тоа, заветот од Крушево го исполнивме и во Куманово! Но Куманово нè потсети дека кога сме разединети и раскарани, непријателот полесно може да се провлече меѓу нас. Таа лекција е платена со човечки животи и не смееме да ја заборавиме, рече Иванов.

Тој се осврна и на ситуацијата со мигрантите, за која рече дека не потсетила дека живееме на коридор, а коридорот мора да се чува. Затоа, претседателот Иванов побара реформи на службите од областа на безбедноста и одбраната, како и поголема транспарентност и цивилна контрола на овие институции.

 

 

Поврзани новости