Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го повикува премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, најгалсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.
– Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, вели во пишаната изјава до медиумите претседателот Иванов во врска со вчерашната изјава на премиерот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Иванов во пишаната изјава реагира на, како што е наведено „сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
– Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци, посочува Иванов.