Иванов зачести на гости кај Ердоган

by fokus

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов објави дека учествувал на Еко-климатски самит во организација на Стопанската комора на Анкара кој се одржа во Анкара.

Тој во обраќањето на свеченото отворање на Еко-климатскиот самит нагласил дека повеќето истражувачи, научници и филозофи се согласни со фактот дека, ако не преземеме нешто веднаш, ќе има уште повеќе суши, глад, раселени лица, а тоа ќе предизвика уште повеќе конфликти во наредните децении.

-Веќе три децении светските лидери одржуваат самити за климатски промени за да видат што можат да направат во врска со овие проблеми. Владите преземаат обврски, се обидуваат да одговорат на климатските промени. Но, покрај обврските на властите, постојат обврски и за сите поединци и дека секој поединец треба да тргне од себе.
Треба да се надеваме дека се уште имаме време да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени. Во овој момент најнеопходно ни е да имаме доволно мудрост и волја барем да ги запреме штетните последици и да не продолжуваме да се движиме кон пропаст на нашата планета и на нашата цивилизација, истакнал Иванов.

Екс претседателот во изминатиот период ги зачести посетите во Турција.

Пред две недели објави дека присуствувал на форумот за дипломатија во Анталија кој се одржува под покровителство на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во периодот 10-13 март 2022 година.

Поврзани новости