Иванов: Во случајот со Македонија, НАТО покажа неспособност да донесе стратегиски одлуки

by Фокус

-Македонија е школски пример како НАТО не треба да се однесува со земја-кандидат. Искуствата од 20 век покажаа дека не може да има стабилна Европа без стабилна Југоисточна Европа и дека не може да има стабилна Југоисточна Европа без стабилна Македонија. А долгорочната стабилност на Република Македонија ќе се цементира со нејзиното членство во клубот на демократски, просперитетни, европски и евроатлантски нации, истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешното предавање пред Атлантскиот клуб на Бугарија.

Тој рече дека целите и визиите на НАТО вредности и принципи паднале во вода на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та, а во случајот со интеграцијата на Република Македонија, НАТО покажала неодлучност, неединство, разногласие и неспособност да донесе стратегиски одлуки.

На предавањето кое се одржа во седиштето на Европската комисија во Софија, на кое присуствуваа поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов и претставници на дипломатскиот кор, Иванов подвлече дека со таа одлука НАТО стана заложник на партикуларни интереси на свои земји-членки, наместо на европската и евроатлантската безбедност.

 

Поврзани новости