Иванов треба да ја плати цела материјална штета од протестите. Последиците се негова одговорност!

by lali
Сега Иванов треба да ја плати цела материјална штета од протестите. Тој направи аболиција, па ја повлече. А потоа притворените да се ослободат и кривичните да се повлечат.
 
Откако ќе ја плати штетата, треба и јавно да им се извини на сите, а најмногу на оние што поради неговите пишман одлуки се во притвор. Потоа за доборото на сите, најдобро ќе биде да си поднесе оставка и да не спаси, а и да се спаси од понатамошна негова неодговорност и глупирање во име на институцијата – претседател на Македонија!
 
Веќе треба да стане јасно дека за секоја одлука треба да се има одговорност, а последиците од протестите се одговорност на Иванов!