514
Во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка денеска беше одбележан зимскиот празник на овој светец воедно и патронен празник на манастирот.
Традиционално на чествувањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов со семејството, а годинава на свеченоста беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Тој го прокоментира присуството денеска на Попова Шапка на Мицковски и Спасовски.
– Секогаш кога сме сплотени секогаш сме наоѓале решение и за најтешките проблеми и тоа низ историјата сме го имале како позитивен пример. Празниците не треба само да ги славиме, туку и да се обединиме и да бидеме заедно во моментите кога треба да покажеме слога – рече Иванов.