462
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.
Негувањето на културните различности и традиции, вели Иванов ,е всаденo во кодот на Република Македонија.
-Принципите на меѓусебна почит, заедништво и разбирање се вредности кои сите ги споделуваме и благодарение на нив успешно градиме иднина која ја посакуваме за себе и за своите деца, вели Иванов и додава дека бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес во развојот на демократска, развиена и модерна Република Македонија.