Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление -Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.
Според него, Богојавление е симбол на духовното раѓање и новиот почеток во животот на верникот.
– Како симбол на новиот почеток, Богојавление треба да нè потсетува да не се навраќаме на старото, туку да се стремиме кон живот исполнет со љубов, понизност, милост и солидарност. Да се престигнуваме со добрина, и да го градиме нашето мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество во мир, соживот и почитување на различноста – истакнува Иванов во честитката до верниците