Претседателот Ѓорге Иванов се согласува со ставот на Министерството за одбрана дека во изминатиот период армијата извршуваше задачи на други институции и затоа бара таа пракса и противзаконито постапување да прекине.
Но, како што соопштија од неговиот кабинет, претседателот Иванов воедно бара од министерството за одбрана да обезбеди поголем буџет, услови за редовна работа на АРМ и војниците кои се распоредени во кризните подрачја повеќе од 24 месеци, соопштија од претседателскиот кабинет.
„По поплавите во скопскиот регион во август 2016 година, Иванов упати критика и побара одговорност од надлежните институции да ја остваруваат превенцијата, да си ги извршуваат задачите и во недостиг на време за завршување на постапката за законска оправданост да не ја доведуваат Армијата да интервенира трошејќи ресурси наменети за основната мисија“, велат од кабинетот на Претседателот.