Иванов сѐ уште не ја платил глобата кој му ја изрече Антикорупциска

by fokus

Ѓорге Иванов, претседателот во заминување, сѐ уште не ја платил глобата која му ја изрече Државната комисија за спречување на корупција.

-Досега до ДКСК нема пристигнато никакво известување за платен налог од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Од ДКСК информираа дека врз основа на покренатите 29 прекршочни постапки платени се налози во висина на околу 220.000 денари, средства кои одат директно во државниот буџет.

Прекршочната глоба зависно за кој прекршок за работи, главно се движи од 300 до 500, а половината е 150 евра. Позитивен момент од ова постапување, заклучија, е тоа што тие веднаш како ќе го добијат налогот го доставуваат и анкетниот лист.

Антикорупциската комисија неодамна поведе две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите.

Поврзани новости