3.8K
Ѓорге Иванов сѐ уште е претседател на државата. Ова е впечатокот ако се отвори официјалниот сајт на www.pretsedatel.mk каде што пишува дека Иванов е претседател на Република Македонија.
Очигледно е дека администраторите заборавиле да ја ажурираат страницата, бидејќи новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, вчера официјално стапи на функцијата.
Покрај смената на името на претседателот се очекува да се смени и името на државата, односно да пишува Република Северна Македонија.