Иванов: Решението за името не треба да задира во идентитетот и достоинството на македонскиот народ

by Фокус

На средбата меѓу Ѓорге Иванов и Метју Нимиц беше разгледана актуелната состојба на процесот кој се води под покровителство на ОН за прашањето на името и беа разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник Нимиц, како и со исходот од неговата посета на Атина, соопштија од претседателскиот кабинет.

„Претседателот Иванов потенцираше дека решението за разликата околу името може да се бара само во рамките на Обединетите нации и го реафирмираше ставот дека е потребно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите – Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата“, стои во соопштението.

Воедно, од претседателскиот кабинет истакнуваат дека Иванов истакнал дека Македонија ќе продолжи и натаму конструктивно да учествува во процесот, со цел изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани.

Поврзани новости