Иванов рече дека е следен и прислушуван врз основа на усна наредба: УБК е таа која што контролира се

by fokus

Претседалот Ѓорге Иванов, во денешното обраќање пред Собранието, кое траеше еден час, се пофали дека неговиот рејтинг е висок и покрај тоа што бил навредуван, понижуван и дека се повикувало на линч врз него и неговото семејство. Како што рече тој, истражувањето на јавното мислење недвомислено покажало дека претседателот е институција со највисока доверба кај граѓаните.

-Сакам да и соопштам на јавноста нешто. Постојано ми стигнуваат информации дека врз основа на усна наредба се врши следење, снимање и прислушување на претседателот на државата, членови на неговото семејство и неговиот кабинет.

-Ако можевме да им веруваме на последните анкети каков треба да биде идниот претседател најмногу граѓани се изнаснија дека претседателот треба да биде чесен, тоа е мојот личен удел во враќање на довербата во институцијата претседате. Кој и да дојде после мене мора да биде чесен кон себе и државата – рече Иванов.

Тој потоа се пожали дека врз основа на усна наредба е предмет на следење, снимање и прислушување. Дека се следи и прислушува неговото семејство, но и членови на неговиот кабинет. За ова Иванов ја обвини Управата за безбедност и контраразузнавање.

-Тоа е само индикатор дека се менува системи, називи, влади, министри и директори, но УДБА си останува УДБА со удбашки методи. Уште минатата година зборев дека УБК е жариште на институционална, безбедносна и политичка кризи, дека работи надвор од својот законски мандат, намеесто да ги спроведува законите. УБК е таа која што контролира се. Се користи како алатка за креирање лажни случаи со цел реваншизам, работи на делегитимирање на институциите на државата. УБК е главна институција за вршење уцена. Понудените реформи се повеќе форма и фасада,  а помалку суштина. Забелешките на Прибе суштински не се исполнети – рече Иванов.

Тој и се обрати на власта и рече:

-Следните жртви на овие злоупотреби можете да бидете вие. Кого чуваат чуварите и кој ќе не чува од чуварите? Како да ја заштитиме демократијата? Да ме послушавте можеби денеска ќе имавте помала одговорност. Се покажа дека постојат фабрикувани белешки од УБК за носење судски пресуди. Се прашувам колку такви белешки се основа за формирање на судски предмети – рече Иванов.

 

Поврзани новости