579
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, со претставникот на Мисијата на ОБСЕ, Мариан Берц и со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. Од кабинетот на претседателот информираат дека на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на земјата во ЕУ и во НАТО.
Иванов истакнал дека ги цени пријателството и соработката со САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, кои според него, се развиваат во континуитет. Исто така, тој им се заблагодарил за нивната посветеност кон надминување на предизвиците поврзани со актуелната политичка состојба во земјата.