Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток и на Балканот. ИФИМЕС по повод решавањето на спорот за името меѓу Република Македонија и Република Грција подготви анализа на актуелната политичка ситуација и спроведе анкета на јавното мислење.
Според резултатите од анкетата на ИФИМЕС од 998 анкетирани полнолетни граѓани од двата пола, 83% одговориле дека го поддржуваат влезот на Македонија во ЕУ (6% биле против а 11 одговриле дека немаат став по однос на прашањето). 71 отсто, пак, го поддржуваат влезот во НАТО.
41отсто сметаат дека Грција е пријателска земја, додека 33 отсто мислат дека не е. На прашањето „Дали ги поддржувате напорите на Владата на Заев за решавање на спорот со Грција“, 63 отсто одговориле дека ги поддржуваат, додека 11 отсто одговориле дека не ги поддржуваат.
59 отсто позитивно ја оцени работата на актуелната Влада, додека 25 отсто негативно.
Претседателот Ѓорге Иванов, пак, позитивно го оцениле само 14 отсто, додека негативно дури 70 отсто.
79 отсто одговориле дека ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, а 58 отсто сметаат дека премиерот Заев треба да спроведе реконструкција во Владата.
57 отсто даваат поддршка за донесувањето на законот за употреба на јазиците, додека против се 28 отсто. 13 отсто немаат став.
66 отсто од испитаниците во Македонија имаат оптимистичен поглед кон иднината, додека 24 отсто не се оптимисти.