Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов изрази сочуство до семејствата и најблиските на загинатите луѓе во вчершанта кобна несреќа што се случи кај селото Ласкарци.
„Кога се случуваат вакви настани, тие се потешки и поболни, затоа што нашите најмили нема да си дојдат дома. Во овие моменти, тагата треба да ја споделуваме и да помилсуваме на живите. Луѓето не умираат кога ќе ги погребаат, туку кога ќе ги заборават. Да се сеќаваме на овие луѓе, на нивните најблиски да им помагаме. Тешка е загубата, но уште потешко ако вакви настани ни се повторуваат. Животот не може да се надомести. Овие луѓе ги изгубиле своите соништа, планови, мечти. Нека биде поука да бидеме сполотени да се почитуваме и да си даваме поддршка. Животот е краток и брзо проаѓа. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, блиските, пријателите. Ова е тажен ден за Македонија“, рече Иванов.