384
По подолго размислување, од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов соопштија дека тој одлучил на 9-ти мај во Москва да присуствува на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот. Одлуката да оди во Москва, Иванов ја донел водејќи се од политика базирана на државните интереси, информираат од Кабинетот на шефот на државата.
-Претседателот Иванов отсекогаш применувал политика на отвореност кон сите, односно одлуката да се присуствува на свеченоста во Москва на ниеден начин не е во спротивност со стратегиски приоритети кои ги има Република Македонија, членството во ЕУ и НАТО. Соработката на Република Македонија со Русија, Кина и сите други земји кои имаат интерес за соработка со Македонија, никогаш не било прашање на избор, ниту на било кој начин на сметка на стратешките цели, соопштија од кабинетот на Иванов.