Иванов: Не правете драма зашто осомничен седел на иста маса со мене

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска побара медиумите да не прават драма за тоа што осомничен за изборни измами во случајот „Титаник“ присуствувал на петочната седница на Советот за безбедност. Според претседателот, тоа не е спорно, бидејќи секој  требало да дава отчет за она што го работи во институцијата каде што е.

-Секој во институциите има своја одговорност и треба да реферира за областа која ја води. Секој од нас може потенцијално да биде обвинет и да не создаваме од тоа скандали. Важно е дека институциите кај нас функционираат и тие лица не само што треба да бидат пофалени туку и наградени, изјави Иванов.

 

Поврзани новости