431
На заминување до претседателската вила на Водно, каде остана 10 години извршувајќи ја претседателската функција во два последователни мандати, веќе поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов објави семејна фотографија на фејсбук со следниов статус:
„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!“.